Англискиот гигант Манчестер Јунајтед на големо изненадување на фудбалските фанови го преживеа првиот голем тест во елиминационата фаза на Лигата на шампионите.

По тешкиот пораз од ПСЖ (0-2) пред своите гледачи во осминафиналната рунда, „ѓаволите“ запишаа историски пресврт и со гол во 93. минута за 1-3 се изборија за место меѓу осумте најдобри, но таму налетаа на моќната Барселона. Каталонците речиси идентично како парижани славенички го напуштија „Олд Трафорд“ (0-1) и сега пред нив е полесната задача, односно потврда на финалето пред својата публика.

Несомнено, Барселона е голем фаворит и на овој дуел, игра фантастичен фудбал во последниот период, а тоа го докажа и на првиот натпревар во Англија. Сепак, не е спортски да се отпише Јунајтед, бидејќи англискиот гигант оваа сезона многупати докажа дека има квалитети да се врати од „мртвите“, а судејќи по најавите на менаџерот Оле Гунер Солскјер уште од првата минута ќе атакува на погодок, што наговестува супер-возбудлив натпревар на „Камп Ноу“

Добра вест за „ѓаволите“ е враќањето во составот на „мозокот“ Немања Матиќ, кој по неколку неделна пауза повторно е подготвен за настап. За разлика од него, Бајли, Шо, Херара и Валенсија останаа во Манчестер, додека на спротивната страна од ростерот на Валверде ќе ги нема само Рафиња и Вермален.

Дуелот меѓу Барселона и Манчестер Јунјатед кој ќе го даде одговорот на прашањето – „Дали ова ќе биде вистинскиот крај на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите?“, закажан е за вечерва од 21:00 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде