Никој не може да биде над законите во Македонија, па ни ФФМ. Кога сите помислија дека со одржаното Генерално изборно собрание на ФФМ, работите ќе „ легнат“, избраните беа во еуфорија ,сите се излажаа.Допрва доаѓаат промените во фудбалскиот спорт. Централниот регистер на МАКЕДОНИЈА „пресече“. До 21 мај , идниот месец, ќе мора да се усогласат нормативните акти на ФФМ со Законот за спорт. Ако сите спортски федерации во Македонија ги усогласија нормативните акти со Законот за спорт, тоа не беше случај со ФФМ.
Централниот регистер со ултиматум до ФФМ- или актите усогласете ги со Законот за спорт, или ќе има блокади на ФФМ! Со еден збор, ФФМ е фатена во стапица. Ако и сега луѓето кои раководат со ФФМ се инаетат, ако до 21 мај не ја завршат законската обврска, која ја оддолжуваа повеќе од две години, ќе немаат избор- мора да си заминат од функциите. Во таков случај , Агенцијата за спорт и млади ќе формира Координативно тело кое ќе ја заврши работата и ќе го закаже Вонредното генерално собрание на ФФМ,. Тоа ќе биде свикано според новите нормативни акти, односно во Собранието повеќе 50 насто од делегатите ќе бидат избрани од фудбалските клубови во Првата, Втората, Третата фудбалска лига… Фудбалските клубови , нивните делегати ќе ја водат фудбалската политика. Не како досега, делегати на Собранието на ФФМ да бидат луѓе кои се без база… Коренити промени во фудбалскиот спорет бара и Брегалница, која достави свое барање до Иницијативниот одбор за промени, а такво барање има и Кежовица…И многу други клубови во Македонија.
ЗНАЧИ, ДЕНОТ „Д“ за промени во фудбалскиот спорт е 21 мај. Ако ФФМ повторно почне да „дрибла“, се знае- блокада на ФФМ ! И вонредни мерки од АСМ!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде