Композиторот Дарко Димитров кој моментално се наоѓа во Тел Авив како дел од нашиот евровизиски тим има голема причина за среќа. Тој е дел од авторскиот тим дури на две песни кои влегоа во големото финале и ќе се борат за победа на Евровизија утре во Експо центарот.

Освен што е дел од авторскиот тим со Роберт Билбилов и Лазар Цветковски и заедно ја компонираа баладата ,,Proud” со која вчера Тамара Тодевска се пласираше во финалето, тој исто така го направи и аранжманот за песната ,,Круна” со која Невена Божовиќ на 14-ти мај ја претставуваше својата земја – Србија, и се избори за влез во финалето.

Димитров и лани замина на Евровизија како автор на песни за две држави. Беше продуцент на ,,Lost and found” со која не претставија „Ај Кју” и го направи аранжманот за песната ,,Нова деца” на Сања Илиќ и Балканика од Србија. Тогаш ,,Ај кју” не влегоа во финале, но Сања Илиќ и Балканика се пласираа и завршија на 19-то место.

Според ЕБУ, еден композитор може да учествува со повеќе нумери, а може да оди на настанот како дел од авторскиот тим на онаа држава за која самиот ќе одлучи. На големото финале кое ќе се случува утре, нашата земја ќе настапи осма по ред.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде