Понудата од 350,000 евра неделно е на масата, договорот му истекува на лето, но клубот веќе ја активира клаузулата и го продолжи на уште една година. Има понуди од Париз и Торино.

Не е само прашање на пари, туку амбиции. Тој сака да види во кој правец оди Јунајтед и дали можат да направат екипа која ќе се бори за трофеи. Тоа не подразбира само Солскјерда остане на клупата, туку и да вложи пари во засилувања.

Сепак, Јунајтед на лето ќе инсистира Де Геа да се изјасни, бидејќи не сакаат во 2020. година да си замине без надомест. Во клубот се надеваат дека би можел да потпише договор, информациите кои ги имаат говорат дека најблиску е тоа решение.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде