Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа има договор со Црвените ѓаволи до летото 2021. година.

Иако Јунајтед му понуди нов договор, Де Геа за сега одбива да го продолжи, а Manchester Evening News тврди дека шпанскиот чувар на мрежата ја чека расплет ситуацијата во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи се во борба за пласман во ЛШ. Учество можат да обезбедат ако се пласираат меѓу четирите најдобри тима во Англија или ако ја освојат титулата оваа година во ЛШ, каде стигнаа до четвртфиналето и играат против Барселона.

Де Геа не сака ништо да одлучи пред да заврши сезоната. Ако Јунајтед се пласира во ЛШ тој најверојатно ќе го продолжи договорот, а ако до тоа не дојде, можно е да го напушти клубот.

Интерес за неговите услуги покажува торински Јувентус. Наводно, според информациите од Италија, раководството на Старата дама веќе разговарале со агентите на шпанскиот голман за можен трансфер и нема да биде никакво чудо ако Де Геа го облече дресот на Бјанконерите.

Тоа секако ќе биде голем трансфер. Јувентус во своите редови би го имале и еден од најдобрите голмани на светот и сигурно Старата дама би била уште посилна.

Де Геа изминатите години се поврзуваше со Реал Мадрид. Трансферот дури беше и договорен, но доцна испратените документи го вратија Шпанецот од авионот за Мадрид.

Сепак, се чини дека после осум години сега може да дојде до крај на соработката. Де Геа не се откажува од барањето за плата од 500.000 фунти неделно и тоа прилично ги отежнува преговорите.

Понудата на тимот од Олд Трафорд која моментално е на маса изнесува 350.000 фунти неделно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде