Гери Невил во живо ги коментираше случувањата на големото дерби меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед кое се одигра на „Емирејтс“, а како по обичај, легендарниот дефанзивец на „ѓаволите“ воопшто не се штедеше при својата објективна анализа, посочувајќи го Давид Де Хеа како главен виновник за поразот кој го претрпе тимот на Оле Гунар Солскјер.

Според Невил, реакцијата на Де Хеа била недозволива на еден вака важен натпревар за Јунајтед, но покрај тоа што беше крајно критички настроен за овој натпреварт на Шпанецот, донесе и еден зачудувачки и изненадувачки заклучок во врска со неговата форма оваа сезона.

– Првпат кога го гледате голот, мислите дека топката удрила во нешто и добила друга траекторија. Но, тука немаше такво нешто. Ова беше навистина сиромашно и лошо од Де Хеа. Не знам како точно да го објаснам ова, за ова не можам да го бранам. Тргна лево, а топката одеше на десната страна, беше навистина зачудувачки бидејќи воопшто не реагираше. Има само едно објаснување, понекогаш како професионалец знаете да ја загубите концентрацијата. Ова се објаснува само така. Сепак, морам да кажам дека Де Хеа не е на најдоброто ниво оваа сезона, – порача Невил во свој стил, надоврзувајќи се дека тоа може да се должи на одолговлекувањето на преговорите за нов договор.

– Сите тие шпекулации и гласини за неговиот договор, сигурно слуша премногу врева во своите уши, – заврши Гери

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде