Легендарниот бејзбол играч на Бостон Ред Сокс, Давид Ортиз е застрелан во родната Доминиканска Република. Локалната полиција потврди дека Ортиз е застрелан во грбот. Освојувачот на три шампионски титули во МЛБ се опоравува по извршениот операциски зафат.

Инцидентот се случил во дискотека во Санто Доминго, кое е родно место на Ортиз. Ортиз 2016 година ја заврши 20-годишната кариера. Десет пати беше дел од Ол-стар, а во 2004. година на Бостон му помогна да стигне до првата титула по 86. години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде