8-ми март Меѓународен ден за правата на жените, ден на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Малку се жени на раководни функции, тие не се правично застапени во структурите за донесување на одлуки,

Државниот завод за статистика во публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“ покажува дека стапката на вработеност во 2017 година кај жените изнесувала 34,6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите – 53,6. Исто така, стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44,3, а забележливо е повисока кај мажите – 69,3.

Жените во преработувачката индустрија и трговијата земаат за 17,9 проценти помала плата за истото работно место како мажите, односно би морале да работат дополнителни 65 дена во годината за да ја остварат истата плата како и мажите.

Процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население во нашата држава е речиси подеднакво, односно 49,9 проценти се жени, a 50,1 процент се мажи. Податоците укажуваат дека жените се подолговечни  односно живеат 3,8 години подолго од мажите т.е. 77,5 години, а мажите 73,7 години.

И покрај тоа што бројките покажуваат дека жените се уште не се рамноправни со мажите, сепак тие денеска го слават Меѓународниот ден на жената. Организирани се бројни изложби и хуманитарни настани посветени на жената и на нејзината борба за рамноправност со мажите.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде