Денеска во Кривичниот суд во Скопје, би требало да биде објавена пресудата во предметот „Титаник 2“, што се однесува за изборните нерегуларности во 2013 година.

Во овој случај обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Орцев.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи во завршните зборови пред неколку недели побара осудителни пресуди за сите обвинети.

Според СЈО, Мијалков го искористил своето влијание и моќ и како тогашен директор на УБК и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување во три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. Обвинетите од ДИК, според СЈО, ја злоупотребиле својата полажба и не биле во функција на Изборниот законик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде