На езерото Волта во централниот дел на Гана, скоро 20.000 деца работат како робови.

Тие работат за рибари кои ги нарекуваат „господари“.

„Секое утро се будиме, одиме на езеро, весламе, вадиме мрежи. Потоа ги вадиме рибите, ги подготвуваме мрежите, и околу 16 часот пак се враќаме за да ги фрламе мрежите“, вели Адам. 

Тој не знае колку години има, се верува дека има 12, а веќе 3 години работи.

Повеќето деца на езерото доаѓаат од оддалечени места.

Ги продале нивните сиромашни родители, за 250 долари, пари за кои може да се купи една крава.

Адам и уште 5 деца работат за ист газда, а нивниот ден почнува пред зората.

Го товарат дрвениот брод и заминуваат, а во 9 часот, тие веќе неколку часа се на вода.

Адам се плаши дека ако почне да нурка, може и веќе да не излезе од водата. Тоа е неговиот најголем страв.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде