Внук  го нападнал и убил својот дедо.Со камен му нанел повреди на главата,од кои тој починал.

Според информациите во Билтенот на СВР Штип,во текот на вчерашниот ден околу 13 часот во Клиничката болница Штип,починал шеесет и шестгодишниот С.М од Кочани.Тој бил физички нападнат во неговиот дом од неговиот внук ,деветнаесет годишниот В.З, кој со метален предмет и камен му нанел повреди на главата.,се вели во Полицискиот извештај.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.В.З е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка.известен е и јавен обвинител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде