Собраниска комисија не предложи да му биде одземен пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.

Ваков епилог на комисиско гласање е редок случај, а прв, на комисијата за мандатно имунитетни прашања. Столчето на пратеникот Агим Шаќири од ДУИ беше празно, поради здравствени причини.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими за 1ТВ вели дека заменичката член на комисијата, пратеничката Мирсада Асани – Емини, ќе стасала по 22 часот, бидејќи гласањата за комисиите се пред полниќ.

Сега, се отвора прашањето дали за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаоски, се префрла на пленарна седница. Собранискиот спикер Талат Џафери размислува дали за денеска да свика собраниска седница. За СДСМ тоа е следен чекор. Вели, денеска имаат разговори за координација.

За опозициската ВМРО ДПМНЕ нема основи сите пратеници да одлучуваат за имунитетот на Вељаноски.

Обвинителството го осомничи поранешниот собранискиот спикер Трајко Вељаноски како еден од организаторите за собраниските инциденти, со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За Вељаноски обвинителството за организиран криминал бара притвор. Но, неговиот распит пред судија на претходна постапка во „скопска едница“ не може да почне, без одобрение од собранието.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде