Еден од главните основачи на Викиликс, Џулијан Асанж, е уапсен во Лодон, во просториите од амбасадата на Еквадор, каде ги помина последните седум години.

Асанж доби азил во еквадорската амбасада за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што го чекаше судење под обвинение за сексуален напад, што во меѓувреме беше отфрлено.

Асанж беше уапсен од страна на полициските служби од Лондон врз основа на налог од 2012 година за непојавување на суд.

47-годишниот Асанж беше баран и од САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено изјави дека го повлекол азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде