Герет Бејл предизвика многу реакции со нервозната прослава која ја имаше за голот кој го постигна против Леванте, моменти во кои дури одби дел од поздравите на своите соиграчи кој пријдоа да му честитаат за реализираниот пенал.

Ваквиот потег на Велшанецот е последица на константните критики кои ги добива од јавноста, но како што информираат најгугледните весници од Мадрид, Бејл останал посебно разочаран што јавно доби забелешки од двајца свои соиграчи, во случајот Марсело и Куртоа. Бејл дефинитивно не ги преживува најсреќните моменти во шпанската престолнина, но ова попладне доби една позитивна вест барем кога е во прашање суспензијата која му се закануваше.

Бејл имаше крајно контроверзна прослава на дерби мечот со Атлетико на „Ванда Метрополитано“, бидејќи им посвети крајно провокативен и непримерен гест на навивачите на Атлетико откако го совлада Облак. Првично, одредени медиуми пренесоа дека Бејл може да добие и ригорозна казна од 6 натпревари, но денеска дисциплинската комисија пренесе дека не е преземена никаква мерка за овој мал инцидент, што значи дека Бејк ќе може да игра вечерва против Барселона, а и на следното „Ел Класико“ во Ла Лига кое се игра викендов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде