Добринко Илиевски-Пижон, поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија е новиот тренер на второлигашот Кит Го од Пехчево. По оставката на Трајче Сенев, Илиевски ќе седне на кормилото на амбициозниот второлигаш кој ќе треба да донесе стабилност и добри резултати. Илиевски покрај селектор на репрезентацијата до 21 година, работеше и со У17 и У18, а од клубовите работеше во Брегалница и Тетекс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде