На собраниската јавна расправа за Законот за прекинување на бременоста, претседателката на зелената партија ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин образложувајќи ја поддршката за Законот, истакна: “Носењето на овој Закон, е значајно од два клучни аспекта. Првиот е почитување на правата на жените, како човекови права. Жената има право самостојно, според сопствената слободна волја, да одлучува дали, кога и колку деца сака да роди. Вториот се однесува на  заштитата на здравјето на жените и затоа државата е должна да обезбеди пристап до легален и безбеден абортус.”

Таа апелираше да се сопре ширењето дезинформации и манипулирањето со јавноста во врска со предложениот закон. “Со Законот не се фаворизира абортусот, туку се пропишуваат условите и постапката за безбеден прекин на бременоста на жените кои донеле таква одлука и воопшто не ги засега жените кои сакаат да родат”-истакна Морачанин.

Во своето обраќање се осврна и на потребата од воведување на сеопфатно сексуално образование за младите да се стекнат со релевантни сознанија, во интерес на заштита на нивното здравје и унапредување на родовата еднаквост. Истовремено, од Министерството за здравство побара воведување на контрацептивни средства на позитивната листа на лекови, со цел овозможување ефикасно планирање на семејството.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде