Бриџот е добро позната игра со карти, но фактот што е призната од Интернационалниот олимписки комитет ги прави нејзините професионални играчи со посебна одговорност кон анти-допинг правилата.

Затоа и денеска најугледните светски медиуми ја пренесоа информацијата дека најдобро рангираниот светски бриџ играч, Геир Хелгемо добил едногодишна суспензија поради позитивен допинг тест.

Норвежанецот кој настапува под знамето на Монако бил позитивен на синтетички тестостерон и кломифен, па тоа автоматски значело суспензија, иако не е јасно како допингот може да влијае врз професионалниот настап на играч на бриџ.

Хелгемо бил позитивен на турнир од Светската серија во Орландо, а ќе му бидат поништени сите резултати и освоени трофеи во 2018 година. Членството на бриџот во олимпиското семејство и во иднина ќе значи допинг контроли според одредбите на Светската анти-допинг асоцијација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде