Илинка Арсовска од село Пелинеце е 43 годишна жена кој во кумановската болница ја доживува најтешката агонија во животот. Лежи со отворена рана, ја лазат муви,нечисти или со флеки чаршафи и нема кој да ја нахрани. Агонијата на оваа млада жена трае три месеци.

На 26 март добива мозочен удар од притисок над 200. Ја носат со такси во Клиника каде и прават операција. Од главата и е изваден хематом како последица од ударот. Но поради масивниот удар останува парализирана на десната страна на телото, а притисокот и понатаму и е висок. По препорака на Клиниката во Скопје жената наместо да се препрати на соодветна нега во болницата Козле или соодветна институција, во отпусното писмо пишува дека ќе се обезбеди превоз и ќе се смести во кумановската болница.

Таму наместо на интензивна  нега е во обична соба. Собата е без клима полна со муви , жената сама оти нема ни кој да се грижи за неа. Доаѓа по некој добронамерен човек што ја познава да и подаде јадење. Доаѓа и едниот син но и тој не може да помогне.

На кичмата од долгото лежење има отворена рана декубит кој не е соосдветно третиран и таа лежи врз него обидувајќи се малку настрана да се тргне поради силните болки! Сестрите носат храна но таа не може сама да се нахрани.

Да биде трагедијата поголема сопругот е со хендикеп, а од трите машки деца едното е со церебрална парализа. Живеат во сиромаштија и трошна куќа. Додека таа можела работела  сега нема никој кој токму нејзе може да и помогне. Плаче, зборува неразбирливо , тажи , но решение има само едно.

Медицинските лица, Министерството за здраство и Министерството за труд и социјала да се погрижат оваа жена да не живее во агонија , а и нејзините деца тоа да не го гледаат и преживуваат.

Се што ќе се случува со здравјето на Илинка е одговорност на болницата и сите институции кои мора за секој тежок пациент да му пружат најдобра нега, а не да го остават во соба со отворена рана и да го лазат муви.

Превземено од портал: Досие.Мк

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде