Репрезентацијата на Шпанија играше без селекторот Луис Енрике во квалификациискиот натпревар против Малта. Причината како што беше соопштена во краткото соопштение се семејни проблеми.

На прв поглед не се гледа некоја причина за драма. Сепак, „Марка“ ја пренесува целата приказна која всушност е голема драматична мистерија која вледеела цел ден во таборот на државниот тим, поради која играчите на поздравувањето со Енрике морале да му дадат ветување дека ќе молчат.

Да биде јасно: Ни денес никој кој не е во репрезентацијата не знае што се случило. Некоја тешка семејна драма го погодила Луис Енрике кој во четири наутро во придружба на психолог го напуштил шпанскиот тим во „Ла Валета“ и се упатил дома во Барселона.

Пред фудбалерите да одат во своите соби на спиење Енрике одржал состанок со играчите, им објаснил за што се работи и барал од нив да му ветат дека тоа што ќе им го каже нема да излезе надвор ѕидовите на просторијата. Фудбалерите му дале збор и завладеал завет на молчење.

„Марка“ пишува и дека фудбалерите после тој состанок скоро и да не можеле да заспијат. Тоа бил таков шок што на никој не му било до фудбал. Капитенот Серхио Рамос пред почетокот на натпреварот испрати порака до својот селектор преку друштвените мрежи.„Шефе, сите сме многу тажни поради веста. Семејството е нешто свето. Се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред. Сакаме да знаеш дека екипата ќе биде секогаш со тебе и ќе победиме за тебе. Ти посакуваме многу сила и храброст“, гласеше пораката на Рамос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде