Во Црното Море, во близина на градот Шабл кај границата со Бугарија и Романија, беа пронајдени шест пакети со 170 килограми кокаин, рече министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов.

Кокаинот бил завиткан во водоотпорни пакети сместени во спасувачки појас, објави БТА.

Бугарските и романските власти работат на случајот од 5 април, а агенцијата вели дека поголемо количество кокаин е пронајден и во Романија.

Полицискиот надзор во областа Шабл е зајакнат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде