По испитувањето на зградата на Вишиот суд во Белград, полицијата утврди дека дојавата за бомба е лажна.

Според агенцијата „Бета”, полицијата пристигнала на самото место, но не нашла експлозивна направа.

„Благовремено е постапено, зградата беше темелно разгледана и нее пронајдена никаква направа”, кажано е во судот.

Зградата на Високиот суд во улицата Тимочка во Белград беше евакуирана во средата поради дојава за бомба.

Белградската полиција интервенираше и поради анонимна пријава дека бомба била ставена во белградската џамија, но се покажало дека пријавата е лажна.

Од полицијата кажаа дека нивните тимови на терен пронашле празно шише парфем во канта за ѓубре близу џамијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде