Темел Карамолаолу, лидер на малата турска исламска партија Фелисити изјави дека две лица биле убиени во источниот дел од Турција на избирачко место.

Тој на својот профил на „Твитер“ напиша дека волонтер и набљудувач на изборите се убиени во округ во провинцијата Малатја.

Турската новинска агенција „Анадолија“ извести дека едно лице е убиено, а едно повредено во расправија помеѓу симпатизерите на конкуретскиот кандидат на локалните избори, пренесе „АП“.

Карамолаолу вели дека членовите на партијата ги нападнал роднина на кандидат од турската владејчака партија за правда и развој.

На локалните избори во Турција гласаат повеќе од 57 милиони луѓе на околу 200 000 изборни места во 922 окрузи. Граѓаните денеска ги избираат претставниците во локалните собранија, како и десетина илјади соседски, односно селски администратори кои се нарекуваат „мухтари“. Локалните избори се сметаат за тест за популарноста на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде