Couple having a discussion in the kitchen

Нема партнери што не се расправаат воопшто, но колку конструктивно се расправате има влијание врз квалитетот на врската, а како што покажува науката, и на животот.

Најново истражување покажува дека конфликтот, односно расправиите помагаат да живееме подолго. Секако, секогаш има едно „ама“. Научниците велат дека за да живеете подолго, треба да имате сличен стил на расправање со партнерот.

Истражувањето било спроведено на 192 брачни двојки во текот на 32 години. Првичната цел на истражувачите била да откријат дали однесувањето на партнерите влијае на долговечноста.

На партнерите од секоја двојка им биле поставени прашања за конфликтите во нивниот семеен живот и за тоа како најчесто се справуваат со нив. На пример, можеле да одговорат со „Полудувам и кажувам сѐ в лице“ или „Збеснувам, но ги држам емоциите во себе“.

Според резултатите, колку е поголема разликата во стилот на реагирање меѓу сопружниците, толку е поголем ризикот од прерана смрт.

Кај двојките со драстични реакции на конфликт – каде едниот го сузбива гневот, а другиот „експлодира“ – ризикот од смрт станува речиси двојно поголем.

Најповолен начин да се справите со расправија е жесток дијалог во кој и двајцата партнери ја искажуваат својата болка, сомнежи и проблеми.

Зошто е важно да ги изразувате чувствата на сличен начин? Тоа е од клучна важност бидејќи партнерите кои различно реагираат на конфликт на крај обично не се задоволни со начинот на кој се одвивала и завршила расправијата.

Тоа води кон постојан стрес, зголемување на тензијата во семејниот живот и има негативно влијание врз здравјето на двајцата сопружници.

Ако имате отворена комуникација, партнерот полесно ќе ги сфати вашите стравови и грижи и ќе може соодветно да одговори на нив.

Двојките кои знаат да се расправаат, односно да водат конструктивна расправија, всушност поретко се расправаат. Тие знаат да ги изразат своите емоции и не дозволуваат да тлеат во нив и да им предизвикуваат стрес.

Затоа, научете да ги изразувате своите емоции на здрав начин и воспоставете комуникација со партнерот што ќе ви одговара на двајцата. Така ќе останете заедно и ќе живеете подолго.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде