Во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје. Според пријавата,  во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Притоа, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата. Се работи на расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде