Вчера видовме два шокантни резултати во Купот на Италија, Рома и Јувентус беа елиминирани.

Екипата на Рома доживеа вистински дебакл од Фиорентина со резултат 7:1.

Един Џеко на овој натпревар заработи исклучување при резултат 4:1. Босанецот беше лут на судијата Мањанело и не можеше да прифати една негова одлука.

Меѓутоа неговата реакција беше претерана и не доликуваше на професионален фудбалер.

Камерите го уловија Џеко како два пати го плука Мањанело. После ова напаѓачот сигурно ќе се соочи со казна, која може да биде и сериозна.

Низ италијанските медиуми се шпекулира дека казната би можела да изнесува пет натпревари суспензија, меѓутоа засега нема никаква потврда.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде