Пред еден час на влезот на Штип кај населбата Три Чешми се случила тешка сообраќајна несреќа во која има повеќе од 6 возила излетани од патот на самиот влез.

Како што изјавија за Прес Центар од СВР Штип, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столбчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица.

Очевидци за Прес центар ни испратија фотографии и велат дека глетката е страшна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде