Уште еден голем успех на македонскиот каратист Емил Павлов, oвој пат на Европското првенство во Шпанија.

Тој денеска во битката за третото место го совлада Романецот Богдан Гоголоши, и со тоа се закити со бронзениот медал од собирот на најдобрите европски каратисти.

Инаку претходно Емил Павлов беше елиминиран во полуфиналето, откако беше оштетен од судиите во дуелот со Евгениј Плахутин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде