Италијанскиот кантавтор Ерос Рамазоти се разведува од 26 години помладата Марика Пелегрини.

Имено, Ерос и неговата помлада жена која се занимава со манекенство одлучија на мирен начин да се разделат по бракот кој траеше приближно 5 години, а пред тоа се забавуваа уште толку години.

Во официјалното соопштение, како што пренесуваат италијанските медиуми, двојката ги потврдува шпекулациите за разводот.

„Тоа беа убави 10 години, заедно направивме преубаво семејство и бевме бескрајно среќни. Смирени сме во заедничкиот избор, нашиот однос останува пријателски и љубовта која ја делевме е се уште тука. Имаме големо почитување еден кон друг и ја молиме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“, се наведува во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде