Есад Рахиќ е назначен за в.д. директор на истражниот затвор „Скопје“. Тој на оваа фунција доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој поднесе оставка по инцидентот во затворот кога беа нападнати поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Рахиќ е магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде