Пред Градската болница „8 септември“ директорот Христијан Костов ги читаше имињата на повредените патници во сообраќајната несреќа кои не се во животна опасност. Тој соопшти дека во болницата се починати 5 лица, од кои четворица мажи и една жена, но тие се уште не се идентификувани.

Повредени се: Никола Каранфиловски, Мерсем Мезири, Есад Емрули, Јасмина Стојанова, Амери Бетим, Антонио Антоениевски, Алајдин Шабани, Душан Стефановски, Луизим Далипи, Мануел Трифуновски, Мухамед Шишко Ѓузим, Верица Стојановска, Серије Мустафи,  Аличе Музеир, Горан Наумовски, Демиреа Али, Седа Јусуфи, Јетон Исмаили, Вјолца Ибраими, Халид Усеини, Мичи Фикири, Јасин Сејфули, Јована Граматикова, Илија Ристовски, Абаз Ферди, Дилала Алили, Абдул Исмалили и Лујан Алили.

4 од повредените се на интензивна нега, а другите се во добра општа состојба. Сите што имаат повреди ќе бидат згрижени и оперирани. Двајца биле донесени починати, а тројцата починале по реанимацијата, а нивната возраст не се знае, како и нивниот идентитет.

Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак. Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на несреќата, пет во ГОБ 8 Септември, а едно во Старата градска болница во Скопје.

Четири лица од хоспитализираните се во критична состојба, а сериозна е состојбата и на уште две лица во Ургентниот центар.

-Нови информации околу повредените вечерва нема да има, туку утре сабајле, бидејќи во тек е процесот на лекување, напомена министерот.

Речиси два часа Филипче заедно со вицепремиерите Оливер Спасовски и Бујар Османи беше во ГОБ „8 Септемвр “и да ги посети повредените.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде