Одговорот на интересното прашање за тоа кои автомобили се продаваат најмногу доаѓа од аналитичката агенција JATO Dynamics, која направи анализа на продажбите на автомобилите на светско ниво и тоа за целата 2018 година. Вниманието на специјалистите на JATO Dynamics го добија 54 држави, кои претставуваат најголеми автомобилски пазари во светот.

Се покажа дека најмногу возила продале од Toyota, а потоа следуваат Volkswagen и Ford. Во топ 10 влегуваат уште Honda, Nissan, Hyundai, Chevrolet, Suzuki и Kia. Десетката ја затвора Mercedes-Benz, кој е единствениот премиум бренд во првите десет.

Најпродаваниот автомобил воопшто е Ford F-Series, а меѓу лесните автомобили тука е и Toyota Corolla, која е следена од Honda Civic и Volkswagen Golf. Во најдинамички развојниот сегмент најпродавани се јапонските бестселери Toyota RAV4, Nissan X-Trail и Honda CR-V. Најпродаваниот електромобил е Tesla Model 3

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде