ЕВН ќе биде новиот универзален снабдувач, сите домаќинства и мали претпријатија кои имаат помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра во минатите две години и кои нема да изберат снабдувач на либерализираниот пазар, ќе бидат снабдувани од универзалниот снабдувач. За оваа цел ЕВН ќе формира нова компанија која ќе се вика EVN Home.

Австријците сепак одлучија граѓаните да ја препознаваат старо новата талибанска компанија под името “Електродистрибуција“.Оваа компанија чија мајка е ЕВН –Австрија , од утре започнува процес на потпишување нови договори со граѓаните.Граѓаните ич нема да се радуваат на божемната либерализација, бидејќи пак во Северна Македонија, за нив има монопол сега преку “Електродистрибуција“.Бидејќи нема откаде да земете струја принудени сте да ги потпишете новите договори, без оглед дали се сложувате или не.И да се сложите и да не се сложите, електрошок не ви бега.И сега ребрендираната ЕВН во“Електродистрибуција“ ќе ви ја дере кожата во наредните пет години.Наздравје либерално електро бричење на суво.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде