Светската фудбалска федерација денеска официјално најави дека планира да го промени форматот на Светското клупско првенство и на него да настапуваат вкупно 24 екипи, но ваквиот потег не наидува на одобрување на најголемите европски клубови.

ФИФА сака да почне со овој формат од 2021 година, а турнирот би се играл меѓу 17 јуни и 4 јули, што значи дека би бил дополнителен товар за фудбалерите кои во тој период имаат и обврски и за мундијалските квалификации, а дел од нив и на Африканскиот куп на нации и Голд купот.

Европската клупска асоцијација денеска преку соопштение ја информираше ФИФА, но и јавноста дека нејзините членки ќе бојкотираат ваков тип Светско клупско првенство и дека на овој начин ќе бидат прекршени актуелните договори меѓу ФИФА и ЕЦА, чиј актуелен претседател е првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, a во која членуваат 232 клубa.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде