Роџер Федерер, кој изутринава си обезбеди полуфинале на мастерсот во Мајами, имаше интересна изјава поврзана со двајцата негови најголеми ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Федерер истакна дека дека се восхитува колку се тие тројца различни играчи како на психолошки план, така и на тоа како се претставуваат на теренот.

Во моментот кога ќе излезам на теренот за мене е се завршено и се наоѓам во зона за опуштање… Јас сум личност додека не излезам на теренот, а потоа се претворам во играч. Дури и тогаш знам да се опуштам штом ќе заврши поенот. Мислам дека тоа е еден од моите квалитети… Им се восхитувам на Новак и на Рафа, затоа што тоа го прават поинаку. Рафа е сосем поинаков, тој е секогаш толку мотивиран, фокусиран, полн со емоции. Го гледам и размислувам за тоа како секој од нас тоа го прави различно. Може и тие на ист начин гледаат кон мене и ми се возхитуваат како успевам да бидат поинаков во тие моменти“, изјави Федерер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде