Пилотите во Формула 1 шампионатот овие дена ги прават последните тренинзи во пресрет на трката за ГН на Бахреин.

Денешниот ден го одбележаа двата членови на Ферари, Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк, кои беа најбрзи и ја оставија конкуренцијата зад себе. Поискусниот од двата возачи на италијанската екипа за нијанса заврши на првата позиција, а зад нив се пласираше бранителот на титулата Луис Хамилтон.

Следуваше победникот на првата сезонска трка Валтери Ботас кој беше меѓу оние кои извозија најмногу кругови на патеката.

Утре на програмата се официјалните квалификации, а в недела пилотите ќе водат нова борба за бодови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде