Манчестер Сити буквално го декласираше Челзи со 6:0, а херој за „граѓаните“ беше Агуеро кој постигна хет-трик.

Најпрво Стерлинг го отвори резултатот уште во 4-та минута, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот, а потоа следуваше шоу на Агуеро.Аргентинецот најпрво во 15-та минута постигна вистински еврогол за 2:0, а три минути подоцна уште еднаш го совлада Кепа за високи 3:0. И додека „сините“ се уште беа во шок, Гундоган победи за 4:0 во 25-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел „граѓаните“ не престанаа и продолжија да ја „билдаат“ гол разликата. Агуеро од пенал го комплетира хет-трикот и стана најдобриот стрелец во историјата на Сити во Премиер лигата.

Точка на натпреварот стави Стерлинг во 80-та минута за конечни 6:0.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде