Роџер Федерер е ривалот на бранителот на титулата Џон Иснер на Мастерсот во Мајами, кој официјално ја завршува сезоната на тврда подлога. Швајцарскиот феномен си поигра со канадскиот талент Денис Шаповалов, победувајќи го за 74 минути со 2-0 во сетови (6-2, 6-4).

Во двата сета ветеранот му го одзеде сервисот на скоро двојно помладиот Шаповалов и 23-от тенисер на АТП листата немаше шанси да парира. Федекс како фаворит ќе влезе во финалето, иако Иснер во Мајами „плива“ како риба во вода.

Веднаш потоа тенискиот свет се сели на земјена подлога и од Мастерс серијата најдобрите тенисери ќе се натпреваруваат во Монте Карло, Рим и Мадрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде