Германскиот Volkswagen го намали изборот на земји во кој ќе отвори нова фабрика. Според чешкиот портал Aktualne.cz, повикувајќи се новинската агенција DPA, во конкуренција се уште Бугарија и Турција, што значи дека Србија повеќе не е кандидат за отворање на фабрика за автомобили.

Првично, се наведува, во играта биле Бугарија, Романија, Србија, Турција а се спомнува и Северна Македонија, но во моментот, како што пренесуваат, фаворит е Бугарија.

Таа е земја на Европската унија, а растот на трговијата меѓу овие двете земји во 2018 година бил рекорден.

Бугарија неодамна беше посетена од германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер и во таа прилика посети две потенцијални локации во главниот град Софија и Пловдив.

Во новата фабрика со капацитет од 300.000 возила, би требало да се произведува Škoda Karoq како и уште некои модели од овој бренд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде