Кандидатката за претседател на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен на претставувањето пред политичките фракции во Европскиот парламент ја пофали Северна Македонија и најави отворени врати за Западниот Балкан.

Таа пледираше за отворени врати кон земјите од источна Европа и Западниот Балкан кои сакаат членство во ЕУ.
Фон дер Лајен особено ја потенцираше Северна Македонија како „светол пример“ за тоа, „што е можно да се постигне, кога луѓето пред себе имаат јасно поставена цел- во случајот членството во ЕУ.“
„Убедена сум дека мораме посериозно да му пристапиме на Балканот“, рече Фон дер Лајен.

Таа деновиве се обидува да добие поддршка од парламентарните групи во Европскиот парламент за нејзината кандидатура. За да застане на чело на Комисијата, на Фон дер Лајен и е потребно мнозинство гласови од вкупно 751 пратеници во парламентот.

Фон дер Лајен ја посети Северна Македонија во септември 2018 година, непосредно пред одржувањето на референдумот за името, тогаш како германска министерка за одбрана.
Од Скопје, германската политичарка тогаш порача дека посакува „обединета и единствена Европа“, давајќи притоа поддршка за успех на референдумот.

2 КОМЕНТАРИ

  1. Оваа ВОН ДЕР ЛАЈНА и како се вика појма нема за кого и за што зборува
    Таа зборува за северна -грчка македонија и за грција а оваа наша МАКЕДОНИЈА па северна не ја ни слушнала ниту сака да слушне за ваква северна депонија како нашава е само заразна болест на човештвото а посебно со дрогерашко-мафијашкава банда која команда со ДЕПОНИЈАВА СЕВЕРНО ОД ГРЦИЈА НИТУ ЃАВОЛОТ НЕСАКА ДА СИ ИМ работа со заболени зајаци и фашистичка банда од 2019 години е тоа е кранкхајт на модерниов свет е ТОА Е ТАА СЕВЕРНА ДЕПОНИЈА НА ЗОРАН ЗАЕВИЧИ

  2. ВОН ДЕР ЛАЈНА ГЛЕДАЈ КОЕ СИ ТИ ПЛЕМЕ ИЛИ СИ НЕКОЈА НАКАЛЕМЕНА АМ МАТОРКА ОД ФАШИСТИЧКА МЕРКЕЛ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде