Министерката Ременски вели дека во периодот на незаконското следење на комуникациите била прислушкувана не само таа, туку и нејзиното потесно семејство, па дури и нејзината свекрва, која се јавувала еднаш неделно да поразговара за секојдневни работи. Вели дека, за жал, граѓаните имаат голема толеранција за незаконското следење и често сметаат дека е нормално одредени лица да бидат следени.

-Ако таа власт која прислушкувала имала таква логика, задачата на оваа власт беше тоа да не се повтори и влеговме во сериозна реформа и на следењето на комуникациите и на одземање на таа алатка која била играчка во манипулациите и со службите и со политиката и секако се влегува во оваа реформа за одземање и на многу други привилегии, вели Ременски.

За можноста ВМРО-ДПМНЕ евентуално да ги отвори бомбите за СДСМ, таа објаснува дека разговорите ги поседува и тој што незаконски ги следел комуникациите, исто како што ги поседувале СДСМ пред да ги предадат во СЈО. Сепак, нагласува, не треба да заборавиме дека тогаш СДСМ и сегашните функционери не биле дел од власта за да злоупотребуваат моќ, државни функции и институции за да профитираат, материјално или нематеријално.

-Додека целосно не се спроведе сериозна истрага за тоа дали постојат одредени центри кои не се легални и институционални за следење на комуникациите, сѐ уште ми постои тој сомнеж, имајќи пред вид дека постоеја сознанија за кабли во една агенција, за сејф сити или мал милион други можности со кои располагаа државните институции, но и да не одам далеку, во април навршуваат шест години откако во Јавното обвинителство за организиран криминал пријавив тежок криминал со АФИС-ите, кој сѐ уште е во истрага без конкретен исход, вели Ременски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде