Жената чиј маж е обвинет за силување и давење до смрт на нивната шестгодишна ќерка никогаш не се опоравила од трагедијата и умрела од последици на траума и „скршено срце“…
Мајката на две деца, Ана Зувко (27) од Ростов била во тешка депресија после трагедијата која се случила во нејзиното семејство.

Пред шест месеци сопругот на Ана, 28. годишниот Јарослав Олеинков, наводно ја силувал и убил нивната шестгодишна ќерка Вероника.
Везживотното тело на девојчето било пронајдено обесено во дворот, заедно со нејзината омилена играчка која била завиткана околу нејзиниот врат.
Судско-медицинскиот преглед покажал дека Вероника била неколку пати силувана пред да биде задавена и обесена.


Олеиников бил уапсен и одведен во притвор. Обвинет е за силување и убиство. После погребот на својата ќерка, Ана била лишена од родителските права а нивниот тригодишен син Иван бил сместен во сиротопиталиште.

После трагедијата, менталното здравје на Ана ја направило рамнодушна кон здравјето, а кога набргу после трагедијата настинала не сакала да се лекува со што болеста се влошила и прераснала во воспаление на белите дробови. Со оглед на тоа дека одбивала да оди на лекар долго време, кога конечно се појавила во болница веќе било доцна и таа починала шест месеци после својата ќерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде