Иренe Берзеро е позната италијанска манекенка која на Инстаграм има над 65 илјади следбеници, а сѐ започнало во 2013 година кога младата Италијанка покренала моден блог.

“Беше многу позитивно искуство, повторно би го направила истото. Со текот на времето повеќе се посветив на социјалните мрежи бидејќи, освен што се побрзи од блогот, даваат и можност за директна комуникација со фановите и компаниите”, вели Берзеро која од 2013 година значајно напредувала и добила големи проекти, вклучувајќи и работа за Плејбој:

“На една забава за Плејбој во Италија, јас со уште неколку девојки бевме облечени како зајачици, а тие фотографии подоцна беа објавени и во магазинот, но за жал не бев зајачица. Не би имала ништо против и да бидам”, изјавила прекрасната Италијанка во едно интервју пред пет години.

Иако е во светот на модата и моделингот, Ирене не е типична манекенка, а тоа се гледа и преку фактот дека не ја интересираат фудбалери. Половина од италијанската Серија А е заинтересирана за неа, но таа досега сите ги одбила.

Заносата манекенка пробал да ја освои и “лошото момче” на италијанскиот фудбал, Марио Балотели, и тоа кога бил на врвот од својата кариера, но таа не ни помислила да му даде прилика.

Освен што успешно ги одбива фудбалерите, Ирене има и многу интересен профил на Инстаграм – на ниту една нејзина фотографија не се гледа нејзиното лице, но на фановите тоа очигледно не им смета бидејќи и понатаму се гледа повеќе од доволно.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде