дома Балкан ФОТО: Падна хеликоптер на српската војска

ФОТО: Падна хеликоптер на српската војска

114

Хеликоптер „газела“ на Војската на Србија се срушил вчера близу аеродромот Морава додека траеле редовните летачки вежби. За среќа, нема загинати, пренесуваат српските медиуми.

Од Министерството за одбрана било соопштено дека несреќата се случила околу 19.10 часот и дека хеликоптерот е оштетен. Двајцата членови на поседата немаат потешки повреди, стоело во соопштението.

„Газела“ е лесен хеликоптер за повеќе намени. Се користи за обука на пилоти, лесен транспорт, извидување и набљудување.

Со истрага ќе биде утврдено која била причината за падот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде