Во изминатиот период во КПУ Затвор Скопје со подршка на Управата за извршување на санкции, а во соработка со програмата за развој на Обединетите Нации УНДП и Министерството за образование се одржа обука за стручно оспособување на осудените лица во дрво преработувачката и браварската дејност. Обуките беа одржани во столарската и браварската работилница при КПУ Затвор Скопје од страна на професори од стручните средни училишта „Партение Зоографски“  и „Ѓорѓи Димитров“.

Ова е од исклучителна важност за осудените лица кои во изминатиот период се стекнаа со знаење и практични вештини за наведените дејности и можност повеќе за конкурентност на пазарот на труд.

Воедно ни преставува особено задоволство што обуки од ваков вид за прв пат се реализираат во нашата установа, имаше голем интерес од страна на осудените лица за нивно остручување и стекнување на практични знаења во делот на занаетите. По повод успешно спроведената обука и остручување во рамки на проектот КРЕИРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА ЗА СИТЕ, денес во Управата на КПУ Затвор Скопје свечено беа доделени Уверенија за успешно завршена обука на осудените лица. И да констатираме на крај. Се случи она што се случи, да поставиме едно невобичаено прашање и прашање кое на сите ни е јасно очигледно. Дали во Казнено поправните установи кога ќе се случи некој инцидент е одговорност за безбедност директорот или лицето кое е задолжено за раководење и организација на вработените затворски полицајци со „чин“ ЗАПОВЕДНИК?

Така да одлуката и на самиот директор, а по барање на премиерот за ОСТАКВАТА треба убаво да се разгледа бидејќи и самите гледаме а и направивме некои испитувања кај вработените кои од директорот Котевски никој нема никакви забелешки. Мораме да го имаме впредвид и другиот факт дека сепак 11 години на власт додека беше ВМРО ДПМНЕ во оваа и другите казнено поправни установи се вработени еден куп кадри на ВМРО ДПМНЕ и зошто приказната да не ја поврзиме со „монтажа – добро обработена од страна на белата палата на ВМРО ДПМНЕ“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде