Францускиот производител на суперавтомобили „Bugatti“ на саемот во Женева треба да го изложи автомобилот во вредност од 16 милиони евра. „Bugatti“ во најпопуларниот салон ќе го претстави уникатниот хиперавтомобил.

Тој беше нарачан од никој друг, туку од 81-годишниот Фердинанд Пиех, поранешен директор на Групацијата „Volkswagen“ , внук на Фердинанд Порше.

Хиперавтомобилот ќе го предводи тимот на „Bugatti“ во Женева, каде што ќе се одбележи 110-годишнината од постоењето на компанијата. Автомобилот се базира на моделот „Chiron“ и се одликува со уникатна каросерија која ја напумпа вредноста на 16 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде