Француските власти ја отфрлија апликацијата на медицинска сестра која бара да биде натурализирана, тврдејќи дека таа работи премногу.

Префектурата во Вал-де-Марна, во близина на Париз, ја одби нејзината апликација во јуни, наведувајќи дека таа „ги прекршува прописите за работно време.“

Официјалното писмо открива дека покрај нејзината работа во клиника, медицинската сестра, исто така, изработела месечен просек од 119 часа како смени во две други медицински установи.

„Вие на тој начин акумулирате три работни места за месечно траење од 271 работни часа“, се вели во писмото.

Францускиот закон предвидува дека вработените не можат да работат повеќе од 48 часа во една недела или неделен просек од 44 часа во период од 12 недели.

На пример, еден вработен кој работи 48 часа неделно во период од 6 недели, а потоа 40 часа во наредните шест недели, го испочитувал законот бидејќи тоа е блиску до неделниот просек од 44 часа во текот на 12 недели.

Одлуката е широко осудена на социјалните медиуми, со тоа што центристичкиот пратеник Жан-Кристоф Лагард пишува на Твитер: „Во нашата земја, најжестоките расисти велат дека странците не работат. И после државата го прави ова?“

Лидерот на синдикатот, Џером Марти, лекар, исто така, изрази загриженост со одлуката.

„Работам 60 до 70 часа неделно како и безброј лекари, медицински сестри … а да не зборувам за практикантите кои работат 80 до 90 часа неделно“, напиша тој на „Твитер“.

„Одземете ми го и мене државјанството“, додаде тој.

Според Еуростат, вработените во ЕУ потрошиле просек од 40,3 часа неделно на нивните главни работни места во 2016 година.

Вработените со полно работно време во Велика Британија го држат највисокиот број часови неделно на нивната главна работа (42,3 часа), додека француските и холандските работници поминале неделен просек од 39,0 часа – нешто малку над најкратката работна недела во ЕУ регистрирана во Италија со 38,8 часа.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде