Ѕидарската работа сега е повеќе од мешање малтер и редење тули. Ѕидарите во Германија имаат добри шанси на пазарот на труд, а и условите се солидни. И покрај тоа, добри кандидати за образование нема многу.

Девојките на градилиштата се реткост. Од вкупно 4000 градежни работници во Германија во 2012 година околу дваесеттина биле девојки. Но затоа на градилиштата често се слушаат странски јазици.

Пет посто од градежните работници доаѓаат од странство. Веќе неколку години постои размена со странство, да речеме со помош на програмот Erasmus+, преку кој се организираат и финансираат размени на студенти. Германските градежни работници повеќе сакаат во Италија, вели Бертолд Хјуберс за Дојче Веле од Сојузниот институт за стручно образование и објаснува:„Во Италија можат да работат на реставрација на историски градби, кои во Германија ги нема толку“.

Тешко е да се најдат добри ѕидари. Можностите за вработување затоа се многу добри. А и платата не е лоша. „Помошник ѕидар во германската сојузна покраина Долна Саксонија заработуваат околу 17 евра на час, што брутото изнесува околу 3000 евра месечно“, напоменува Лутз Холман, шефот на градилиштата. Тоа е предвидено со тарифни договори.

Ни градежните работници не заработуваат лошо. 25-годишниот ѕидар Марлон Бландовау на втората година од обуката зема 800 евра месечно. Не се жали за неговиот избор на занимање. „Му останувам верен на градежништвото“, вели, земајќи ја ѕидарската лажица и низ смешка додавајќи:„Тука мора да се изгради уште еден прав ѕид.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде