Турнирот во Монте Карло не донесе големи промени на врвот на АТП листата.

Лидер и понатаму е Новак Ѓоковиќ кој ја зголеми предноста пред Рафаел Надал поради загубените бодови со елиминацијата во полуфиналето. На третото место е Александер Зверев, а потоа следуваат Роџер Федерер и Доминик Тием.

Единствената промена во Топ 10 ја направи Кевин Андерсон кој скокна на шестата позиција пред Кеи Нишикори.

Двајцата финалисти во Монте Карло, Фабио Фоњини и Душан Лајовиќ, направија очекуван напредок. Италијанецот сега е 12-ти тенисер во светот со само пет бода заостанување зад Марин Чилиќ, а Србинот застана на 24. позиција.

Слична е ситуацијата кај девојките каде Наоми Осака ја предводи конкуренцијата. Зад неа се Симона Халеп и Петра Квитова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде