Прворангираниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се премисли и најверојатно ќе настапи на првиот Мастерс на земјена подлога сезонава кој ќе се игра во Монте Карло од 14. до 21. април. На официјалната веб-страница на Србинот турнирот е дополнително вметнат во распоредот, најверојатно поради слабите настапи во Индијан Велс и во Мајами.

Сепак, за официјализирање на информацијата ќе се чека лична потврда од најдобриот тенисер во светот.

„Не знам, ќе видам“, кратко изјави Ѓоковиќ по поразот од Баутиста Агут во Мајами.

Ѓоковиќ двапати го освојуваше мастерсот во кнежевството, во 2013 и 2015, а минатата година беше елиминиран во третото коло од Австриецот Доминик Тим.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде