Минус 21 степен Целзиусов се измерени изутринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица.

Под нулата е насекаде во Македонија. Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов. На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см. Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.”

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде